Вардар го позајми Јагуриновски во исландски Тор кај Алушовски

401

Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриновски е промовиран во нов ракометар на исландскиот тим Тор Акурејри. Тоа е тимот во кој како тренер работи екс-тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

Како што објавија исландските медиуми, Јагуриновски ќе дебитира за својот нов клуб уште на првиот следен натпревар за Тор Акурејри. Инаку тој е се уште играч на Вардар, а според договорот неговото заминување на Исланд е како позајмица до крајот на натпреварувачката сезона.

ПретходноПо 183 дена: Несторовски се врати со тренинзи во Удинезе (ФОТО)
СледноСлалом-асистенцијата на Џани за победа на Ал Ахли (ВИДЕО)