Далас и Милвоки доживеаја вистински бродолом (ВИДЕО)

150

Словенечката НБА ѕвезда Лука Дончиќ и неговиот Далас доживеаја вистински потоп на премиерата од новата сезона во најсилната светска кошаркарска конкуренција. На гостувањето кај Атланта, Далас е поразен со 113-87 во меч во кој Дончиќ постигна 18 поени за Мавс со 11 скока и 7 асистенции. Реализацијата на кошаркарите на Далас од игра беше само 33%, а само 16 асистенции кои ги направија за цел меч, јасно покажува дека играта на тимот на Џејсон Кид, најблаго речено, беше катастрофална.

 

Но, изненадувањето на стартот на сеозната, Голден Стејт, го потврди победничкиот старт со втора победа над градските ривали од ЛА. По Лејкерс, Воините ги преслушаа и Клиперс, откако синоќа на домашен терен славеа со 115:113. Стеф Кари имаше брилијантна вечер со 45 поени и 10 скока, додека кај Клиперс Џорџ постигна 29.

Во третиот ноќешен меч, Мајами ја оствари првата сезонска победа и тоа со тотална доминација против актуелниот шампион Милвоки, победувајќи го со 137:95. Хиро со 27 и Батлер со 21 поен ги предводеа Хит до голема победа над шампионот, кој одигра катастрофално.

ПретходноРамос почнува со тренинзи, дебито за ПСЖ следната недела
СледноАрсенал остана без Сака за мечот со Астон Вила