Динамо Загреб беше совладан од Рапид Виена со 2-1 на гостински терен, ова беше втор пораз во трите меча во групната фаза во Лига Европа.
За хрватскиот тим дефинитивно голем проблем е неиграњето на Аријан Адеми. Поради голем број на повреди тој пропушти голем дел од мечевите, што пак се одрази врз играта на неговиот тим, но врз играта на македонската фудбалска репрезентација.
Динамо Загреб и Македонија делат иста судбина, со Адеми и без Адеми на теренот – има разлика.
Нашите колеги од „индекс.хр“ извадија статистика која доволно говори колку Адеми значи во играта на „модрите“.
„Сега најдобро може да се види колку недостасува Аријан Адеми. Не сум сигурен дали Динамо ќе изгледаше така изгубено против Рапид доколку некој играч ја превземеше улогата на Адеми“, изјави по мечот Никола Јурчевиќ.
Слично е во редовите на македонската фудбалска репрезентација, Аријан Адеми носи цврстина во редовите на „црвено-жолтите“, тој е пример за вистински борец, секој би сакал да го има во составот.