ЕВРОЛИГА: Звезда изгуби дома од Алба, ЦСКА подобра од Олимпијакос

94

Кошаркарите на Црвена Звезда го претрпеа вториот пораз по ред во Евролигата, откако вечерва пред своја публика изгуби од германскиот Алба Берлин 63:78. Звезда го одигра еден од најлошите натпреври сезонава, често промашуваше, па на крајот не можеше да стигне до триумф. Тимот на Алба ја запиша втората победа сезонава во Евролигата.

Треба да се издвои втората четвртина каде што Звезда практично го изгуби дуелот. Алба го доби истиот со 26:15 со што на полувреме отиде со предност од 25:38.

Ло со 14 и Сикма со 11 поени беа најпрецизни во таборот на Алба, додека кај Црвена Звезда прв поентер беше Кузмиќ со 16.

Тимот на ЦСКА Москва славеше со  88:82 над Олимпијакос и ја продолжува одличната серија во Евролигата. Клајбурн со 29 поени беше најдобар кај домаќинот, а кај Олимпијакос најрасположен беше Дорсеј со 32 поени.

ПретходноАна Ивановиќ дојде во Пелистер Волеј
СледноТухел: Полесно ми е да го тренирам Лукаку отколку Мбапе или Нејмар