Елмас за „Скај“: Ние сме Наполи и одиме на победа на секој меч

255

Тимот на Наполи и нашиот Елиф Елмас вчера имаше задача за обезбеди уште една победа во Лигата на Европа и токму тоа и се случи. Домашна победа над Легија Варшава од 3:0 и уште еден момент повеќе да се дигне атмосферата во тимот на највисоком можно ниво.

Елмас беше стартер на овој меч ги одигра сите деведесет минути, а потоа во духот на победата даде доста мотивирачка изјава за „Скај“.

„Секако дека и оваа победа беше многу важна затоа што мора да се поведува секогаш кога ќе се излезе на терен. Ние сме Наполи и нема за нас план А или план Б. Сакаме да победуваме, мора да го правиме тоа затоа што само така ќе одиме напред. Тука нема место за друго освен за победа“ – изјави Елмас.

 

ПретходноБраво момче МАКЕДОНЧЕ: Димитар Ѓоргиев е светски првак во кик бокс!
СледноГолот на Дибиров во „топ 5“ погодоци во ЛШ (ВИДЕО)