Е.Пелистер по неуспехот на стартот на Европската лига и поразот од Ним, сиот свој „бес“ го истури врз Бутел Скопје. Во првиот меч од осмото коло во Супер-лигата, на домашен терен го совлада гостинскиот тим со убедливи 27-20 и го запиша седмиот триумф.
Оваа средба беше решена брзо, битолчани на стартот поведоа со 11-2, пред одморот дојдоа до двоцифрено водство од 16-6, кое Бутел Скопје на паузата го намали на 16-7.
Во продолжение не се промени ништо. Е.Пелистер одигра во исто темпо, сакаше да ја врати самодовербата пред продолжението на Европската лига.
Стипе Мандалиниќ постигна 11 гола кај домашниот тим, Мирко Мајиќ имаше седум гола кај Бутел Скопје, кој го запиша третиот пораз оваа сезона.