Советот на ФИФА вчера одлучи дека на 20 декември ќе се одржи само глобален самит со дискусии за реформирање на меѓународниот календар на фудбалски натпревари и нема да се одлучува по прашањето за организација на СП на секои две години. Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино по средбата изрази надеж за излез од ќор-сокакот во кој се најде ова прашање.
„Се е отворено. Можеби ќе направиме чекор напред или чекор назад“, изјави Швајцарецот. „Има конфедерации кои сакаат Светско првенство на секои две години. Ние предизвикавме бурни реакции и слушнавме многу негативни, но и позитивни и ентузијастички критики“, вели Швајцарецот.
Можната одлука за СП на две години сега би можела да биде донесена на 31 март на конгресот во земјата на Мундијалот 2022, Катар.