Италијанските медиуми не го штедеа Мурињо: Ова беше понижување и бескраен срам

266

Италијанските медиуми не штедеа зборови за критика на Мурињо и екипата на Рома за вчерашниот дебакл во Конференциската лига на УЕФА на гостувањето кај Бодо/Глимт во Норвешка каде беа поразени со 6:1.

Еден од најголемите спортски весници во Европа, „Газета дело Спорт“ напиша дека ова беше „кошмар за Рома, а Жозе Мурињо беше понижен“. Самата игра „Газета“ ја опиша како „бескраен срам во настапот на ужасно лошата Рома“, нагласувајќи дека ова беше „засрамувачки неуспех“.

Италијанскиот огранок на Еуроспорт го нарече поразот на Рома „неверојатен тениски резултат”, додека весникот „Ил Матино“ беше уште посуров пишувајќи: „Ако Мурињо сакаше да покаже дека клупата на Рома е слаба, успеа. Од зборови премина на дела. Тоа беше понижување за него како тренер“.

ПретходноСлалом-асистенцијата на Џани за победа на Ал Ахли (ВИДЕО)
СледноНБА лигата објави: Кои се 75-те најдобри НБА кошаркари низ историјата? (ФОТО)