Манчестер Ј. без Бруно Фернандеш за дербито со Ливерпул?

209

Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е под знак прашалник за настап на големото дерби со Ливерпул во недела, пишуваат англиските медиуми. Според весникот „Сан“, Португалецот сериозно се повредил на тренингот на „црвените ѓаволи“ вчера, по фамозниот меч и пресврт против Аталанта во Лигата на шампионите.

Отсуството на Бруно Фернандеш би било голем удар за Солскјер во недела. Португалецот е еден од главните играчи на Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната и има големи надежи во него и на овој исклучително важен меч.

ПретходноСампдорија 10 дена трага по својот фудбалер: Заминал за Холандија и веќе му нема глас!
СледноЗа СП на секои две години, ФИФА ќе одлучува на 31 март