ФОТО: Тwitter/HBC Nantes
Екипата на Нант на македонскиот селектор и капитен Кире Лазаров со убедливи 37:28 го совлада составот на Нанси во 7. коло на францускиот шампионат. Мечот практично беше решен по првото полувреме кога Нант поведе до 20:13, па во вториот дел само рутински ја приврши задачата.
Лазаров беше дел од мечот и реализираше три гола од четири обиди. Инаку најефикасни во редовите на Нант беа Тео Монар и Александре Кавалканти со по 5 гола.
Нант е на четвртата позиција на табелата со 9 бодови, три помалку од лидерот ПСЖ.