Руски боксер уби мечка, но заврши на интензивна нега

745

Од Русија пристигнува типична руска сторија во која како ликови се појавуваат боксер и една мртва мечка.

Илја Анелксандрович Медведев бил во риболов заедно со својот другар кога ги нападнала мечката, и го усмртила другарот. Медведев најпрво со истрели од пиштол се овидел да ја совлада мечката но само ја разлутил. Животното му се нафрлило и нему, а Медведев ранетата мечка успеал да ја усмрти со убоди од нож кој го имал при себе.

Ситуацијата ја спасил трет учесник во групата, кој бил оддалечен неколку стотини метри и кој ги слушнал извиците. Медведев е пренесен во болница со тешки повреди на главата и телото.

 

ПретходноТребаше да потпише за Челзи но стана порно глумец
СледноБилетите за Македонија – Исланд по 150 и 300 денари, надежите со Франција на Арената!