Салах: Сакам да останам во Ливерпул до крајот на кариерата

142

Египетскиот напаѓач на Ливерпул Мохамед Салах би сакал да ја заврши кариерата во Ливерпул и тврди дека иднината му зависи само од клубот. „Црвените“ ги подновија договорите со неколку фудбалери: Александар-Арнолд, Алисон, Фабињо, Ван Дајк, Робертсон и Хендерсон, но на Салах му остануваат помалку од две години од договорот.

Оваа сезона Салах постигна 12 гола во 11 меча, а Ливерпул е на чело во Премиер лигата.

Ако се прашувам јас тогаш ќе останам до крајот на кариерата во Ливерпул, но не е се во мои раце – тука се прашува и клубот. Зависи од тоа што сака клубот, а не јас. Во моментот не се гледам себе си како противник на Ливерпул. Тоа би ме натажило. Јас би сакал да останам, никогаш и не сум сакал да го напуштам Енфилд, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Египќанецот во разговор за „Скај спортс“ пред неделното дерби со Јунајтед на „Олд Трафорд“.

ПретходноНант го растури Нанси, Лазаров даде три гола
СледноФудбалер се повредил па шест часа чекал да дојде брзата помош