Тухел: Полесно ми е да го тренирам Лукаку отколку Мбапе или Нејмар

392

Менаџерот на Челзи Томас Тухел направи интересна споредба помеѓу работата во лондонскиот клуб и работата во неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен. Германецот призна дека во ПСЖ повеќе се занимавал со семејствата и со пријателите на фудбалските ѕвезди отколку вистинската тренерска работа.

Челзи и ПСЖ се сосема спротивни клубови во смисол на стил и организација. Во Париз, буквално бев министер за спорт, се занимавав со фамилиите и со пријателите на ѕвездите во клубот. Ќе бидам искрен, полесно е да го тренирам Ромелу Лукаку отколку Килијан Мбапе или Нејмар“, раскажа Тухел за „Газета дело Спорт“.

Тухел доби отказ во ПСЖ при крајот на 2020 година, а го презема Челзи во јануари 2021 година. Од 2018 до 2020 беше тренер на ПСЖ со кого два пати го освои францускиот шампионат и Суперкупот. Стигна и до финалето на ЛШ но изгуби од Баерн.

ПретходноЕВРОЛИГА: Звезда изгуби дома од Алба, ЦСКА подобра од Олимпијакос
СледноНант го растури Нанси, Лазаров даде три гола