Фудбалер се повредил па шест часа чекал да дојде брзата помош

183

Лоркан Мек Гленон, фудбалер на англискиот нисколигаш Нортерн Куартер од Манчестер чекал брза помош шест часа откако го повредил коленото на тренингот на екипата. Мек Гленон незгодно паднал и го повредил коленото и не можел да ја движи ногата, па негов соиграч повикал брза помош во 21:10 часот, додека другиот му ја држал во вис повредената нога, меѓутоа никој од нив не можел да претпостави дека помошта ќе стигне дури во 3:20 часот изутрина.

Тренингот бил прекинат, а тројцата соиграчи останале да ја чекаат брзата помош заедно со 25-годишниот повреден фудбалер, додека чуварот не ги затворал капиите од игралиштето додека не стигне брзата помош.

Соиграчите искористиле канта за ѓубре за да ја потпрат неговата нога и го покриле со јакни за да му биде потопло, а проблем направил и дождот па соиграчите со чадори стоеле над својот колега. Не сакале да го преместат плашејќи се да не направат поголем проблем со повредената нога.

Додека чекале соиграчите купиле шише виски Џејмисон, а потоа пилешки прсти и четири дупли чизбургери. Соиграчите неколку пати се јавувале на брзата помош, а им било кажано дека таа е на пат. И пристигнала во 3:20 часот.

Потпаролот на службата за Брза помош од Норд Вест изјавил:

„Брзата помош е многу зафатена во моментов, некои пациенти чекаат подолго отколку што сакаме. Разбираме дека повредата може да биде незгодна, но прво мораме да дадеме приоритет на случаите опасни по живот и најтешко повредените пациенти. Му посакуваме на господинот Мек Гленон брзо заздравување“.

ПретходноСалах: Сакам да останам во Ливерпул до крајот на кариерата
Следно„Топчиите“ се распукаа против Астон Вила (видео)