Утре со почеток во 14 часот на стадионот на Чаир, се игра дербито на 11.коло меѓу Шкупи и Ренова. Меѓу првиот и вториот на табелата. Се разбира дека овој меч привлекува посебно внимание и поради фактот дека овие две екипи досега покажаа најмногу во тековната сезона, но и поради тоа дека Ќатип Османи, стратегот на Ренова, пред нешто повеќе од 1,5 година беше тренер на Чаирчани.
Трофејниот Ќато, кој со Шкедија има три титули шампион на Македонија, за Спортмедиа пред утрешното дерби има свој коментар.
“Лично очекувам големо дерби. Нема причина да не се одигра едно вистинско и атрактивно дерби. Се разбира дека очекувам убава атмосфера на стадионот на Чаир, посакувам да има многу публика која ќе има што да види. Од кога јас бев во Шкупи нема многу играчи во сегашниот состав на чаирчани“ вели Ќато.
За тоа што може Ренова, Османи одговори…
“По традиција Ренова игра добро на Чаир. Сепак Шкупи сезонава со своите игри, со својот квалитет и вложување покажа дека со право е најсериозен кандидат за титулата. Нам малку не поремети оној убедлив пораз од Шкендија во Купот, тоа беше лош ден кој кога тогаш мораше да дојде, па не знам како нашите играчи психички ќе го пребродат тоа. Работевме два дена на враќање на атмосферата, колку сме успеале ќе видиме утре“ заврши Османи.