Билетите за Македонија – Исланд по 150 и 300 денари, надежите со Франција на Арената!

595

Денеска се одржа седница на УО на ФФМ. Донесени беа неколку одлуки. Како прво беше одлучено цените на билетите за мечот со Исланд од квалификациите за СП, кој ќе се игра на 14 ноември на Арената “Тодор Проески“ да бидат по 150 и 300 денари. Ќе се породаваат преку продажната мрежа на МК Тикетс. Мечот започнува во 18 часот.

У-21 селекцијата на Македонија, на 16 ноември во квалификациите за ЕП 2023, се среќава со Франција. Одлучено е овој меч да се игра на Арената “Тодор Проески“, а цената на билетите да биде по 100, 150 и 200 денари. Овој меч започнува во 18.30 часот.

Исто така УО на ФФМ одлучи женската репрезентација на Македонија, својот меч од квалификациите за СП против Луксембург да го игра во Охрид на 26 октомври.

Се донесе и одлука да се реконструира теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров.

ПретходноРуски боксер уби мечка, но заврши на интензивна нега
СледноМанасков успешно опериран: Се гледаме наскоро