Кога Адеми ќе “збесне“: “Лавот“ со сочни пцовки кон австриски новинар! (ВИДЕО)

1219

Дека не му е сеедно кога не може да игра, и кога гледа како неговиот Динамо Загреб и тоа среде Виена од Рапид губи, се гледа од она што се случи синоќа на мечот од Лигата на Европа.

Имено, според извештаите од Виена и медиумите од Загреб, нашиот репрезентативец за време на мечот постојано бил навредуван од едно лице, подоцна се испоставило дека тоа бил австриски новинар, барем според хрватските медиуми. Адеми долго ги трпел тие навреди, но сепак во еден момент “збеснал“ и почнал да упатува сочни пцовки.

Конечно да го видиме и Аријан Адеми во вакво светло. Се разбира секој човек си има своја граница на толеранција, но кога Аријан вака ќе реагира, тоа значи дека навистина таа граница била надмината.

ПретходноЗа СП на секои две години, ФИФА ќе одлучува на 31 март
СледноВан Дер Варт: Ако му е тешко на Куртоа да игра секој трет ден нека врати пола плата