Нант го растури Нанси, Лазаров даде три гола

82

ФОТО: Тwitter/HBC Nantes

Екипата на Нант на македонскиот селектор и капитен Кире Лазаров со убедливи 37:28 го совлада составот на Нанси во 7. коло на францускиот шампионат. Мечот практично беше решен по првото полувреме кога Нант поведе до 20:13, па во вториот дел само рутински ја приврши задачата.

Лазаров беше дел од мечот и реализираше три гола од четири обиди. Инаку најефикасни во редовите на Нант беа Тео Монар и Александре Кавалканти со по 5 гола.

Нант е на четвртата позиција на табелата со 9 бодови, три помалку од лидерот ПСЖ.

 

 

ПретходноТухел: Полесно ми е да го тренирам Лукаку отколку Мбапе или Нејмар
СледноСалах: Сакам да останам во Ливерпул до крајот на кариерата