Дебито на Серхио Рамос за ПСЖ изгледа се поблиску. Шпанскиот дефанзивец веќе подолго време се опоравува од повредата, но веќе е подготвен за настап. Планирано е дефанзивецот да тренира на исто ниво со своите соиграчи од почетокот на следната недела.
Доколку Рамос не чувствува болка и успее да ги одржи сите тренинзи до мечот со Лил на 29 октомври, тогаш би можел да добие минутажа за игра од тренерот Маурисио Покетино, пишува „Ле Паризиен“.