Аргентина и Бразил во Лигата на Нации на УЕФА!?

205

УЕФА го возвраќа ударот на ФИФА. Имено откако ФИФА и тоа како ја “бутка“ идејата за СП на секои две години, Европската куќа на фудбалот има против одговор. Имено УЕФА има намера да повика селекции од Ј. Америка да играат во Лигата на Нации. И тоа да ги повика Аргентина и Бразил. Само се уште не се знае дали овие топ – селекции би се нашле во групите или би играле само во завршницата од турнирот.

Има идеја и за Супер Лига Нации, односно да играат најдобрите четири селекции од двата контитенти.

Во секој случај има интересни идеи околу иднината на Лига на Нации која прераснува во натпреварување кое и тоа како ќе биде интересно за светскиот фудбал. Се разбира дека тука се спонзорите, а тоа значи и повеќе пари.

ПретходноЗа Мадам Тисо, Роналдо е сеуште член на Јувентус
СледноТухел: Многу е полесно да го тренираш Лукаку, отколку Мбапе или Нејмар