Баерн го “торпедираше“ Хофенхајм, Дортмунд убедлив кај Арминија!

128

Попладнево се одиграа четири меча од 9.коло во Бундеслигата. И двете водечки екипи, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд немаа никакви проблеми, освоија три бода и ја продолжуваат трката како две водечки екипи на табелата.

Баварците на свој терен со 4:0 го победија Хофенхајм, а стрелци на головите беа Гнабри, Левандовски, Чупо – Мотинг и Коман. Убава и квалитетна игра на четата на Јулијан Нагелсман.

Борусија Дортмунд без Ерлинг Халанд со 1:3 триумфираше на гостувањето кај Арминија Билефелд. Џан и Хумелс во првото полувреме стрелаа за 2:0 за гостите, следуваше голот на Белингам за 3:0, за да во финишот домашниот состав преку Клос од пенал ги постави конечните 1:3.

Лајпциг на свој терен со 4:1 ја победи екипата на Гројтер Фурт, стрелци беа Поулсен, Форсберг, Шобошлаи и Новоа Рамос, сепак гостите имаа водство од 0:1 и тоа со голот на Хргота во 4.минута.

Фрајбург со 0:2 како гостин ја победи екипата на Волфсбург и тоа со головите на Лајнхарт во првиот дел и Холер во продолжение од мечот.

ПретходноТриумф во Зелден: Шифрин победничка во првиот велеслалом сезонава!
Следно„Горчлива“ победа на МЗТ Скопје, се повреди Бојан Крстевски (ФОТО)