Вардар 1961 на домашна рехабилитација!

165

Нови четири меча денеска ќе се одиграат во рамките на машката Супер-лига. Вардар 1961 единствениот непоразен тим по седум рунди, како по некое непишано правило по секој пад во Лигата на шампионите се рехабилитира токму во домашниот шампионат каде засега е непобедлив.

Актуелниот македонски првак во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Прилеп, дуелот е закажан со 19:30 часот. Избраниците на Веселин Вујовиќ се фаворити на оваа средба, а триумфот ќе биде и тоа како добредојден пред пресметката со Кил во Лигата на шампиони, и поразот од Алборг во минатото коло.

Интересно ќе биде во Охрид, гостува Металург, кој почна да си доаѓа на себе, мечот е закажан во 18 часот.

На останатите средби Струга е домаќин на Е.пелистер 2, Радовиш го пречекува Пролет, кој во минатото коло беше демолиран од Вардар.

ПретходноНа француски тим не му помогна ниту Селма Хајек
СледноАнглиските медиуми ја објавија замената за Солскјер