Завршија мечевите од 8.коло и во ВМФЛ – ИСТОК. Кога се чинеше дека досегашниот лидер, тимот на Саса ќе нема проблеми кај последниот, кај Братство, се случи чудо. Тимот Братство со 2:1 ја победи Саса, ова е прв триумф сезоната. Исто така ова е прв пораз на тимот од Македонска Каменица.
Па така сега лидери се Слога (В) и Победа. Виничани дома славеа со Кожуф и тоа со 2:1, а Победа минимално со 1:0 беше подобра од Детонит.
Беласица не дозволи нов кикс, струмичани во Градско славеа со 2:0, додека Кит Го среде Кочани со 3:0 го победија домашниот состав на Осогово.
РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО
БРАТСТВО – САСА 2:1
СЛОГА (В) – КОЖУФ 2:1
ОСОГОВО – КИТ ГО 0:3
ТИМ ЛОКОМОТИВА – БЕЛАСИЦА 0:2
ПОБЕДА – ДЕТОНИТ 1:0
ТАБЕЛА
Победа 19, Слога (В) 19, Саса 17, Беласица 14, Кит Го 12, Осогово 10, Кожуф 8, Детонит 7, Тим Локомотива 4, Братство 4.