Англискиот шампион Манчестер Сити овојпат немаше проблеми на гостувањето на „Амекс“ стадионот против Брајтон во 9. коло на Премиер лигата. Минатата сезона „Граѓаните“ загубија на овој стадион (3:2), но сега им одржаа лекција на „галебите“ совладувајќи ги со 1:4. Уште по првото полувреме шампионот направи убава предност со еден гол на Гундоган и два на Фил Фоден. Во 81. минута домашните намалија преку Мекалистер, а во петтата минута од судиското продолжение Ријад Марез го постави конечниот резултат.
Сити е второпласиран на табелата со 20 бода, два помалку од лидерот Челзи (третиот Ливерпул има меч помалку). Брајтон го запиша вториот пораз сезонава и веќе три кола по ред не знае за победа (три ремија и еден пораз) и е на четвртата позиција.