Светот очигледно не оди во посакуваната насока. Барем по она како се извртуваат и изместуваат некогаш како карпа тешките вредности, кодески и правила на однесување.
Како поинаку да се искоментира најавата дека некогаш најголемиот боксер на светот, и сеуште ултра популарниот Мајк Тајсон закажува борба со познатиот Јутјубер, Логан Пол.
„Оваа борб е за пари и за ништо друго“ – изјави Тајсон неодамна, како да некој помисли дека е за нешто друго.
Логан има инаку 75. милиони следбеници на социјалните мрежи и веќе „одработи“ борба против Флојд Мејведер која замислете заврши нерешено!?, а „спарингуваше“ и со уште еден Јутјубер со име „КСИ“. Страшно.
Logan Paul vs Mike Tyson
Feb 2022 !
Sources tell #DramaAlert pic.twitter.com/7B6hmEiXDg
— KEEM 🍿 (@KEEMSTAR) October 23, 2021