Страшен дабл-дабл на Јокиќ, Крис Пол ги уништи Лејкерси и влезе во историјата (ВИДЕО)

247

Денвер го запиша вториот триумф во низа на стартот на новата сезона во НБА-лига. Нагетси овој пат беа подобри од Сан Антонио го совладаа со 102-96 во ново одлично издание на Никола Јокиќ.

Српскиот репрезентативец блескаше на теренот запиша дабл-дабл од 32 поени, 16 скока и 7 асистенции. Денвер имаше контрола речиси во текот на целиот меч, противникот пред крајот успеа да дојде на минус три, но Морис со тројка ги врати работите на теренот во корист на Нагетси. Овој кошаркар имаше 13 поени, на другата страна Џонсон реализираше 27 поени.

ЛА Лејкерс се непрепознатливи оваа сезона. Го запишаа вториот пораз, овој пат подобар од нив беше Феникс со 105-115. Иако во составот на „езерџиите“ беа сите ѕвезди, сепак тоа не беше доволно за триумф.

Кошаркарите на Феникс одиграа одлично во втората и третата четвртина, во последниот период влегоа со позитива од 27 поени (70-97), доволно за мирен финиш. Букер и Пол го предводеа својот тим, заедно постигнаа 45 поени.

Оваа вечер беше посебна за Крис Пол кој влезе во историјата, со 23 поени и 14 асистенции, постана првиот играч кој ја надминал бројката од 20.000 поени и 10.000 асистенции.

 

Кај Лејкерс, Леброн имаше 25 поени, додека Дејвис 22.

РЕЗУЛТАТИ:  Кливленд – Шарлот 112:123, Орландо – Њујорк 96:121, Вашингтон – Индијана 135:134, Бостон – Торонто 83:115, Филаделфија – Бруклин 109:114, Чикаго – Њу Орлеанс 128:112, Хјустон – Оклахома 124:91, Денвер – Сан Антонио 102:96, ЛА Лејкерс – Феникс 105:115, Сакраменто – Јута 101:110. 

ПретходноЃорѓиев: Златото повторно е дома! Можеби сме мала држава, но имаме големо срце! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноЅвездите на Лејкерс се степаа на клупа (ВИДЕО)