На адресата на Џеси Лингард стигна уште една интересна понуда. Англиските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед сепак може да остане без неговите услуги. За офанзивецот на „црвените ѓаволи“ сериозно е заинтересиран Евертон, кој е подготвен да ги исполни сите негови финансиски барања.
Рафа Бенитез ги цени квалитетите на Лингард, верува дека може да постане главен играч во редовите на неговиот тим.
Евертон планира да го донесе веќе на зима, шест месеци пред истекот на неговиот договор, може дури и како на позајмица, Јунјатед нема да има многу избор ако не потпише нов договор.
Раководството на „црвените ѓаволи“ се обидува да го убеди да ја продолжи соработката за да не замине бесплатно, но Оле Гунар Солскјер со минутажата која му ја доверува на Англичецот оваа сезона ја отежнува целата работа.