Тухел: Многу е полесно да го тренираш Лукаку, отколку Мбапе или Нејмар

223

Тренерот на Челзи, Томас Тухел во ексклузивно интервју за италијанскиот Газета Дело Спорт изјави дека во моментов е икслучително среќен што е дел од тимот на Челзи кој е во потполност поинаков клуб, од ПСЖ, екипата која што ја водеше претходно.

Имено, Тухел вели дека во Челзи се работи дијаметрално спротивно одколку во Париз, и дека се е подредено единствено на тимот.

„Во Париз се чувствував како министер за спорт, не како тренер. Таму морав да се грижам и за семејствата и пријателите на играчите, овде е сосема поинаку. Многу е полесно да се работи со Лукаку, и да го тренираш него, одколку околу себе да ги имаш Нејмар и Мбапе. Тоа се две различни ситуации“ – изјави Тухел.

Тој во Челзи врши одлична работа, и во Стемфорд Бриџ се презадоволни од германецот.

 

ПретходноАргентина и Бразил во Лигата на Нации на УЕФА!?
СледноИ Тајсон не е тоа што беше…. закажа борба со познат Јутјубер…