Димитар Ѓорѓиев со златен медал се враќа од Светското првенство во лоу-кик. Тој во финалето го победи Никола Дробњак од БиХ за четврта титула на Мундијалите.
Ѓорѓиев ја направи Македонија одново горда, тој ни ја даде главната доза на среќа. По искачување на тронот имаше порака:
„Златниот медал е повторно дома. Сакам да се заблагодарам до сите луѓе што искрено се израдувавте на оваа наша победа. Благодарам до мојата фамилија, мојата девојка што мора да ме трпи, сите мои подржувачи низ цела моја кариера и мојот тим од КБК Работнички Адора и WAKO MACEDONIA. Можеби сме мала држава, но повторно докажавме дека имаме најголемо срце“, вели златното момче.