Академија ФМП ја продлабочи кризата во Еуро Никел

161

Екипата на Еуро Никел влезе во црна серија, поточно три порази едно по друго. Кавадарчани кои добро ја отворија сезоната, сега не можат да најдат излез, не можат да ја пронајдат вистинската форма. Нивната криза ја продлабочи Академија ФМП, тимот од Кисела Вода на домашен терен славеше со 80-65 во рамките на 4. коло во Супер-лигата.

Избраниците на Александар Петровиќ до целиот плен дојдоа полесно од очекувањата, се очекуваше дерби меч, но гостите беа под нивото. На полувремето, Академија ФМП поведе со 48-30.

Кавадарчани ја добија третата четвртина со 15-19, иако не беше доволно, сепак се чинеше дека ќе има драма во финишот. Исто не размислуваа домашните кошаркари, ја задржаа позитивата и на крајот убедливо стигнаа до втората победа оваа сезона.

Ивеј имаше 17 поени, Стојановски еден помалку. Калахан со 22 поени беше единствен кошаркар расположен за игра.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ 83:80

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 2009         86:71

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ        91:65

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА            91:85

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005  80:65

НЕДЕЛА:

18.30: ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/4CQ5cr3BJN

ПретходноВардар 1961 го суреди и Прилеп за „осум од осум“ (ФОТО)
СледноУтре за Лацио ќе дебитира правнукот на Мусолини!