Англиските медиуми ја објавија замената за Солскјер

537

Очигледно дека мандатот на Оле Гунар Солскјер на чело на тимот на Манчестер Јунајтед е пред крај. По лошиот резултатски старт на сезонава, Солскјер е под голем притисок, секој негов нареден кикс се смета за пресуден за негова смена, па станува јасно дека јавноста во Англија веќе сосема очекувано лицитира со неговите наследници.

Конкретно, денеска Антонио Конте е објавен како следниот менаџер на Манчестер Јунајтед, со оглед на фактот што во моментов италијанецот е слободен.

Англичаните додаваат дека низ годините Конте многу често беше поврзуван со Јунајтед, а евентуалната смена би се случила што поскоро, за да Конте има можност во зимскиот преоден рок да направи некакви измени во составот.

 

ПретходноВардар 1961 на домашна рехабилитација!
СледноБокс репрезентацијата на Косово сопрена на границата со Србија