Кирил Лазаров и на 41 година имаше што да покаже на терените. Селекторот и капитенот на македонската репрезентација ова на дело го покажа на вчерашниот меч против Нанси. Неговиот тим славеше со 37-28 во рамките на 7. коло на францускиот шампионат.
Лазаров испрати вистински проектил во противничката мрежа и тоа од десетина метри. Мечот го заврши со три погодоци, два во второто полувреме.