Бокс репрезентацијата на Косово сопрена на границата со Србија

188

Репрезентацијата на Косово во аматерски бокс, нема да учевствува на светското првенство кое ќе се одржи во Белград со почеток од 24 октомври затоа што на делегацијата и беше забранет влез во Србија.

Поточно, во текот на денешниот ден, репрезентацијата на Косово се упатила кон Србија, но на граничниот премин од страна на полицијата било побарано да не ја носат со себе опремата на која пишува република Косово. Нормално на тоа косоварите не се согласиле, и не добиле „зелено светло“ за влез во Србија.

„Да, потврдувам дека тргнавме на пат за Белград но спрската полиција на граничниот премин Кончуља не ни дозволи да ја минеме границата со тренерки и маици на кои пишуваше Косово. Ни беше кажано доколку се согласиме на тоа, можеме да продолжиме. На дел од опремата пишува „BFK“, но ние се договоривме со AIBA да настапуваме со опрема на која што пишува Косово“ – изјави генералниот секретар на боксерската федерација на Косово, Љатиф Демоли.

 

ПретходноАнглиските медиуми ја објавија замената за Солскјер
СледноШкупи по нова домашна победа против Ренова (СОСТАВИ)