Екипата на ЖРК Вардар го доби и вториот дуел против Приштина, на домашен терен славеше со убедливи 32-27 и се пласираше во третото коло во Европскиот Куп. Првата средба во приштина македонскиот тим ја доби со со 39-35.
Ракометарките на Вардар дуелот го решија во првото полувреме, имаа предност од двоцифрени 21-11. По еден ваков расплет беше речиси невозможно за „црвено-црните“ да ја загубат оваа битка.
Миновска со седум гола од 11 обиди беше прв стрелец, Галевска имаше шест погодоци, еден помалку запиша Дамјаноска.