ВМФЛ – ЗАПАД: Вардар го “освои“ Тетово, Воска и Силекс се мачеа, но сепак победија…

1227

Завршија сите пет натпревари од 8.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Вардар со 0:3 го победи Тетекс на гостувањето под Шара. Вардар покажа сила, едноставно беше подобар и успеа да го „освои“ Тетово што се вели. Петковски, Керим и Блажевски со головите уште во првиот дел успеаја да донесат три бода за четата на тренерот Никола Глигоров.

Супер интересна градска пресметка во Охрид, во која сепак поквалитетниот тим на Воска Спорт на крајот победи со 1:2. Охрид поведе со голот на Клечкароски, но затоа Емини и Паноски донесоа триумф на тимот на Раде Цицмиловиќ. Треба да се каже дека Воска Спорт од 30.минута, по црвениот картон на Јакимовски, играше со играч помалку. Значи со десет играчи Воска Спорт успеа да направи пресврт и на крај заслужено да победи. 

И Силекс се мачеше. Беса ги држеше тие 0:0 во Кратово се до 78.минута кога конечно Танушев погоди за победа и три бода на лидерот. Тоа значи дека Силекс и натаму има четири бода предност пред Воска Спорт.

Кадино на свој терен загуби од Велешта, стрелец на голот беше Лена, додека Гостивар го победи Кораби со 4:2.

РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО

СИЛЕКС – БЕСА 1:0

КАДИНО – ВЕЛЕШТА 0:1

ОХРИД – ВОСКА СПОРТ 1:2

ТЕТЕКС – ВАРДАР 0:3

ГОСТИВАР – КОРАБИ 4:2

ТАБЕЛА

Силекс 22, Воска Спорт 18, Вардар 14, Кораби 14, Тетекс 11, Гостивар 9, Беса 8, Велешта 8, Кадино 5, Охрид 3.

ПретходноЧаир е неосвоива тврдина, ниту Ренова не му може ништо на Шкупи (ВИДЕО)
СледноВМФЛ – ИСТОК: Последниот го победи првиот, сега нови лидери се Победа и Слога (В)