Денеска, на празникот 23 Октомври, на Денот на револуционерната борба, под Шара играат Тетекс и Вардар. Некои тоа го нарекуваат “братско дерби“ поради “војводите“ и “комитите“, но дека тоа ќе биде спектакл,тука нема сомневање.
Иако сега се второлигаши овие два наши клуба се големи брендови, уште од времето на екс – СФРЈ кога играа во најсилната лига на некогашната заедничка држава.
Токму затоа Тетово е на нозе. Некогаш поради мега – дербито меѓу Шкендија и Вардар, а денеска поради дуелот Тетекс – Вардар.
И на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни, посебно на вардарци, но и Тетекс сака висок пласман сезонава. Така да на теренот нема да има пардон за никого.
Во Охрид градска пресметка. Охрид – Воска Спорт е мечот кој исто така привлекува големо внимание. Сепак “гостите“ од Воска се фаворити, оваа есен новиот второлигаш под водство на Раде Цицмиловиќ игра одличен фудбал,па затоа е на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Силекс.
Додека Кратовци на свој терен ја дочекуваат Беса,со надеж дека по ремито во Гостивар во минатото коло одново ќе им се вратат на победите.
Кадино игра дома со Велешта, а Гостивар го дочекува Кораби.
ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
СИЛЕКС – БЕСА
КАДИНО – ВЕЛЕШТА
ОХРИД – ВОСКА СПОРТ
ТЕТЕКС – ВАРДАР
ГОСТИВАР – КОРАБИ
ТАБЕЛА
1.СИЛЕКС 19
2.ВОСКА СПОРТ 15
3.КОРАБИ 14
4.ВАРДАР 11
5.ТЕТЕКС 11
6.БЕСА 8
7.ГОСТИВАР 6
8.ВЕЛЕШТА 5
9.КАДИНО 5
10.ОХРИД 3