ВМФЛ – ИСТОК: Непобедливата Саса пред лесни три на гости кај „фенерџијата“

303

 

Попладнево од 14 часот се играат сите пет натпревари од 8.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Секако дека во центарот на вниманието е мечот на стадионот „Могила“ во Прилеп, во кој се среќаваат домашниот Братство и гостинот,тимот на Каменица Саса. Домашните се единствени во лигата кои немаат победа,барем засега, додека гостите се единствени кои во изминатите седум кола се без пораз. Токму затоа Каменица Саса е огромен фаворит и се освен убедлива победа за оваа екипа ќе биде рамно на сензација.

На стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп, Победаја дочекува екипата на Детонит, и тука се знае кој е фаворит. Во Виница домашниот состав на Слога против Кожуф очекува продолжувањена добрата серија. Во останатите два меча Осогово го дочекува Кит Го а Тим Локомотива игра со Беласица.

 

ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

БРАТСТВО – КАМЕНИЦА САСА

СЛОГА (В) – КОЖУФ

ОСОГОВО – КИТ ГО

ТИМ ЛОКОМОТИВА –БЕЛАСИЦА

ПОБЕДА – ДЕТОНИТ

ТАБЕЛА

1.САСА 17

2.ПОБЕДА 16

3.СЛОГА (В) 16

4.БЕЛАСИЦА 11

5.ОСОГОВО 10

6.КИТ ГО 9

7.КОЖУФ 8

8.ДЕТОНИТ 7

9.ТИМ ЛОКОМОТИВА

10.БРАТСТВО 1

ФОТО: fk kamenica sasa facebook

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Тетово на нозе – доаѓа Вардар, градска пресметка во Охрид!
СледноВерстапен му покажа среден прст на Хамилтон и го нарече идиот (ВИДЕО)