Дебитантите први на терен, Работнички на вистински тест во „пеколниот“ Гостивар

100

Денеска ќе се одиграат четири натпревари од четвртото коло во Првата машка лига. ТФТ, Пелистер и Работнички до оваа рунда имаат три победи во исто толку одиграни меча.

Први на теренот, многу порано од останатите ќе излезат Феникс 2010 и Ангели, двајцата дебитанти сезонава. Домаќинот веќе има една победа, гостите имаат три порази, во минатото коло беа близу до сензација, но ја немаа потребната доза на искуство за да го урнат Работнички. Дефинитивно овој дуел ќе биде интересен.

Во центарот на вниманието е мечот меѓу Гостивар и Работнички. За избраниците на Тони Симиќ ова ќе биде вистински тест, имаа лесен распоред на стартот. Ќе биде тешко со оглед на жешкиот терен во салата „Младост“.

„Ова би требало да биде вистински дерби натпревар. Секогаш е тешко да се дојде до победа против Гостивар, особено на нивниот терен. Но обврска на Работнички е да бара победа на секој натпревар, па така и на овој. Но за да дојдеме до уште еден успех, ќе мора да одиграме многу подобро во однос на првите натпревари. Пред се, да имаме вистински пристап кон обврските. Да не чекаме противникот да направи разлика, а потоа максимално да се ‘трошиме’ за да се вратиме и да победиме. Мора да имаме константност во играта, тоа е предуслов за успех во вакви натпревари“, смета Тони Симиќ, тренерот на најтрофејниот кошаркарски колектив.

На другата страна Гостивар е најсилен дома, тоа го покажа против Куманово во вторара рунда.

„Работнички е тим кој мора да се респектира во секој момент, иако има тотално променет состав. Се подготвувавме цела недела и добро ги анализиравме нивните играчи и сетови. А дополнителен мотив ни е и моментот што се непоразени во првите три кола. Доаѓаат на наш терен, атмосферата се загрева, а за време на натпреварот сигурно ќе биде жешка. На нас останува да се прикажеме во вистинско светло, и на публиката да ѝ дадеме одлична партија“, вели Јончевски пред дуелот со клубот каде играше порано.

На останатите средби, МЗТ Скопје е домаќин на Куманово, додека ФМП Академија на Еуро Никел.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

ДВОЈКИ 4. КОЛО

САБОТА:

13.00: ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ

Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/SHPprSMSGnE

16.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 2009 (МРТ)

Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/asZt3kevZuc

18.00: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/6Ukcp6I6P74

18.00: ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ 2

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/bZ_uieu5Suc

19.00: НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005

Сала „Независна Македонија“- Скопје

https://youtu.be/uZnjF4j2TRM

НЕДЕЛА:

18.30: ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/4CQ5cr3BJN

ПретходноСалах ќе потпише историски договор!
СледноАуу каков проектил од десет метри на Лазаров (ВИДЕО)