Металург на гостувањето во Охрид се покажа во најдобро издание во досегашниот дел од сезоната. Тимот од Автокоманда „газеше“ во салата „Билјанини извори“ го совлада охридскиот состав со убедливи 24-29 за трета победа во Супер-лигата.
Хорват со осум гола беше прв стрелец, Озтурк имаше шест погодоци, еден помалку запиша Петковски. Кривокапиќ на другата страна имаше шест гола.
Милан Лазарески се повреди во самиот финиш, останува наскоро да биде познато дали неговата повреда е сериозна.
Скопје имаа неверојатен старт, поведоа со 1-9, до 22. минута домаќинот постигна само еден гол, беше дело на Манасков. Причина за ваквиот расплет на теренот беше добрата одбрана и уште подобриот Даниел Дупјачанец, кој беше одличен на голот.
Вториот погодок, Охрид го реализираше на седум минути до крајот на првото полувреме, преку екс-ракометарот на Металург, Додиќ, на одморот беше 6-12.
Не губеа надеж домашните играчи, но негативата растеше беше плус девет за Металург 12-21. Тешко беше да се надополни, особено кога противникот беше влезен во ритам. Единствено што успеаја да направат е да дојдат до пет до шест гола разлика.
За Охрид ова беше четвртти пораз, има исто толку победи.
Претходно, Струга и Е.пелистер одиграа без победник (30-30).