Каква драма на “Месталја“: Валенсија во 93.минута имаше 0:2 и на крајот не загуби!

117

Каков луд меч на “Месталја“ меѓу домашната Валенсија и Мајорка? Каков трилер, каква драма во финишот, ова може само фудбалот да го изрежира. Имено Валенсија во 93.минута имаше 0:2, и се чинеше дека и нема спас. Сепак прво Гуедес, па потоа и Гаја во 98.минута срелаа во мрежата на гостите за конечни 2:2. Домашните во еуфорија, а гостите во очај кои уште во првиот дел имаа водство од 0:2, кое го држеа се до таа фамозна трета минута од судиското продолжени, и тоа не им беше доволно за победа.

Инаку ова беше меч од 10.коло во Ла Лига.

ПретходноШкупи во ритам: Победничко селфи на Чаир!
СледноТриумф во Зелден: Шифрин победничка во првиот велеслалом сезонава!