Македонскиот првак и следната сезона ќе има директно место во Лигата на шампиони

248

Европската ракометна федерација го објави клупскиот ранкинг за сезоната 2022/23 за меѓународните натпреварувања. Македонија забележа пад од две места, се наоѓа на шестата позиција со 86.00 бодови.

Поените се од настапите на екипите во европските купови во сезоните 2018/19, 2019/2020 и 2020/21 без тековната сезона.

Иако не го задржавме местото од претходно, сепак во следната сезона македонскиот првак ќе има директно место во Лигата на шампиони. Засега таму со години настапува Вардар, кој е двократен освојувач на титулата.

Што се однесува до Европската лига таму имаме три места, едно ќе биде директно, додека останатите две екипи ќе играат квалификации.

На врвот на оваа листа е Германија со 145 бода, зад неа а Шпанија, која забележа скок од едно место, ја симна Франција на третата позиција. Скок на оваа листа направија Унгарија и Данска, овие две земји беа зад Македонија минатата сезона.

Топ 10 листата ја комплетираат Полска, Португалија и Романија.

ПретходноЅвездите на Лејкерс се степаа на клупа (ВИДЕО)
СледноДерби за уживање на Чаир: Забревтаниот Шкупи против „ранетата“ Ренова!