Милан победи деветмина од Болоња, Ибрахимовиќ си постигна автогол (видео)

250

Интересен и ефикасен натпревар одиграа Болоња и Милан во рамките на 9. коло на Серија А. Милан стигна до победа од 4:2 на 100 меч на Стефано Пиоли на кормилото на „росонерите“. Неговиот тим имаше предност од 0:2 на полувреме со головите на Леао и Калабрија, а притоа имаше и фудбалер повеќе затоа што домашните останаа без Сумаро кој доби црвен картон. Во 49. минута по корнерот на Болоња, ѕвездата на Милан Златан Ибрахимовиќ со глава со совлада својот голман, а веднаш потоа Муса Бароу го изедначи резултатот на 2:2.

Во меѓувреме Болоња остана без уште еден фудбалер, Соријано доби директен црвен картон па домашните останаа да се борат со девет играчи во поле. Не издржаа затоа што во финишот примија два гола, прво Бенасер во 84. минута донесе ново водство на Милан од 2:3, а Ибрахимовиќ се „извади“ за автоголот со погодокот во 90 минута и победа за конечни 2:4.

Милан ќе биде лидер до утрешните натпревари, а Болоња е на деветтото место.

АВТОГОЛОТ НА ИБРАХИМОВИЌ НА ОВОЈ ЛИНК

 

ПретходноДимитријевиќ со кош во последните секунди и донесе триумф на Валенсија
СледноДоминација на Дукати во квалификациите, Бањаја на пол позицијата, лош настап на Квартараро