Милан Ристовски, нашиот репрезентативен напаѓач продолжува да ги тресе мрежите за својот клуб Спартак Трнава. Па така помалиот од браќата Ристовски, на гостувањето кај Похроние, во меч од 12.коло во првенството на Словачка успеа да го погоди голот на домашниот тим во 30.минута за 2:0 за својот тим.
Можеби Ристовски ќе постигнеше уште некој гол, но сепак тренерот на Трнава одлучи на полувремето да го извади својот напаѓач.
Ова е шести гол за Милан Ристовски сезонава во шампионатот на Словачка, со што изби на втората позиција на листата на стрелците.