На француски тим не му помогна ниту Селма Хајек

574

Мексиканскиот дефанзивец Едсон Алварез долго време е голема желба на клубот од Рен. Досега не е постигнат договор меѓу Ајакс и Рен и покрај понудите од францускиот клуб вредни 20 милиони евра.

За холандските медиуми Алварез откри дека добил интересна понуда, ни помалку ни повеќе од Салма Хајек.

„Таа ме повика како позната сограѓанка, се обиде да ме убеди да се преселам во Рен. Бев многу изненаден и воодушевен“.

Едсон оваа сезона одигра единаесет натпревари за Ајакс и има два гола на своето конто.

ПретходноВерстапен му покажа среден прст на Хамилтон и го нарече идиот (ВИДЕО)
СледноВардар 1961 на домашна рехабилитација!