Македонскиот интернационалец Марко Симоновски имаше впечатлив настап во шампионатот на Косово. Попладнево неговата Дрита гостуваше кај Љапи, а Симоновски реализираше два гола едниот во 34. минута за водство од 2:0, и во 72. минута за конечни 3:1.
Дрита по 11. кола е на второто место на табелата со 19 бода, еден помалку од лидерот Гњилане.