Денвер го запиша вториот триумф во низа на стартот на новата сезона во НБА-лига. Нагетси овој пат беа подобри од Сан Антонио го совладаа со 102-96 во ново одлично издание на Никола Јокиќ.
Српскиот репрезентативец блескаше на теренот запиша дабл-дабл од 32 поени, 16 скока и 7 асистенции. Денвер имаше контрола речиси во текот на целиот меч, противникот пред крајот успеа да дојде на минус три, но Морис со тројка ги врати работите на теренот во корист на Нагетси. Овој кошаркар имаше 13 поени, на другата страна Џонсон реализираше 27 поени.
ЛА Лејкерс се непрепознатливи оваа сезона. Го запишаа вториот пораз, овој пат подобар од нив беше Феникс со 105-115. Иако во составот на „езерџиите“ беа сите ѕвезди, сепак тоа не беше доволно за триумф.
Кошаркарите на Феникс одиграа одлично во втората и третата четвртина, во последниот период влегоа со позитива од 27 поени (70-97), доволно за мирен финиш. Букер и Пол го предводеа својот тим, заедно постигнаа 45 поени.
Оваа вечер беше посебна за Крис Пол кој влезе во историјата, со 23 поени и 14 асистенции, постана првиот играч кој ја надминал бројката од 20.000 поени и 10.000 асистенции.
Chris Paul is the first player in NBA history with 20,000 points and 10,000 assists.
Point. God. pic.twitter.com/3xyo0xGOpL
— StatMuse (@statmuse) October 23, 2021
Кај Лејкерс, Леброн имаше 25 поени, додека Дејвис 22.
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Шарлот 112:123, Орландо – Њујорк 96:121, Вашингтон – Индијана 135:134, Бостон – Торонто 83:115, Филаделфија – Бруклин 109:114, Чикаго – Њу Орлеанс 128:112, Хјустон – Оклахома 124:91, Денвер – Сан Антонио 102:96, ЛА Лејкерс – Феникс 105:115, Сакраменто – Јута 101:110.