Микаела Шифрин, скијачката од САД денеска триумфираше на патеката во австрискиот Зелден, во првиот велеслалом сезонава. Второто место и припадна на Лара Гут Бехрами од Швајцарија, а трета беше Петра Влхова од Словачка. Шифрин имаше време од 2:07.22 минути и беше подобра со 14 стотинки од второпласираната Бехрами.
За скијачката од САД ова беше 70 победа во во нејзината кариера.