Феникс во продолжение подобар од Ангели

113

Со конечен резултат од 83:80, тимот на Феникс успеа да слави над тимот на Ангели во домашниот кошаркарски шампионат, и тоа во дополнителни пет минути продолжение.

Регуларниот дел од мечот зарши со резултат 74:74 и тоа благодарение на Митревски и Кларк кои постигнаа тројки за егал односно дополнителни 5 минути.

Токму младиот репрезентативец, Андреј Митревски, беше херојот на Феникс 2010. На секунда пред крајот, погоди уште една тројка, за свој 23.поен, но што е поважно, втора победа за Феникс 2010 во четири кола од Првата лига.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: „Војводи“ и „Комити“ заедно навиваат во Тетово!
СледноЧаир е неосвоива тврдина, ниту Ренова не му може ништо на Шкупи (ВИДЕО)