Тимот на Шкупи на отворањето на новото 11. ПМФЛ коло предмалку на домашен терен со 2:1 го совлада тимот на Ренова.
Во меч кој може да се окаракеризира како исклучително интересен, со доста шанси на обете страни, пресуден беше моментот во 55. минута кога Сандеј Адетунџи погоди на асистенција на Шеји и постигна гол за водство на домашните.
Следуваше уште еден важен момент во 69. минута Адетунџи беше соборен во противничкиот шеснаесетник од страна на Мустафов за најстрога казна според судијата Стојчевски, најстрога казна која за гостите беше исклучително сомнително досудена, па имаа остри реакции кон арбитарот. Следеа опомени и картони но тоа малку им помогна на гостите затоа што Фреди Алварез по трет пат сезонава беше презицен од белата точка.
Со водство од 2:0, домашните помислија дека се е готово, но не мислеше така токму Мустафов кој по една добра топка на петерецот, ја смести топката зад Наумовски за 2:1. Сепак, тоа беше се што можеа гостите на овој меч да сторат, и не успеаа да се заканат за уште една можност и евентуално израмнуање.