Челзи „душмански“ против Норич (ВИДЕО)

197

Тимот на Челзи прописно го понижи тимот на Нориџ на отворањето на новото Премиер лигашко коло викендов совладувајќи го на домашен терен со 7:0.

Во игра која слободно може да се опише како „газење“ на противникот, Челзи уште од самиот старт покажа дека има намера денеска да ја демонстрира целата своја сила и капацитет, а тоа ете е олицетворено во шесте гола во противничката мрежа.

Серијата погодоци ја отвори Мејсон Маунт во осмата минута, а до полувреме погодија и Хадсон Одои однодно Џејмс. Во вториот дел се надоврзаа Чилвел, Аронс со автогол, и Мејсон Маунт со втор гол овојпат од пенал. Голеадата на Стемфорд Бриџ денеска ја заокружи токму Маунт со хет трик во последните секунди од мечот.

ПретходноИ Тајсон не е тоа што беше…. закажа борба со познат Јутјубер…
СледноФОТО НА ДЕНОТ: „Војводи“ и „Комити“ заедно навиваат во Тетово!